РКЕ ги објави новите цени на горивата, поскапува маслото за домаќинства

Регулаторната комисија за енергетика објави дека цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со вчерашната одлука.

ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 79 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 81 денар, литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 77 денари, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 52,354 денари за килограм.

Екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за два денари по литар, и ќе чини 75 денари, соопшти РКЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот