Ристовски: Доаѓаат поубави времиња за македонскиот спорт, нема да се дозволи никаква корупција

фото: принтскрин/facebook.com/VladaMK

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Борко Ристовски, сега министер за спорт на прес-конференција промовираше нов начин на финансирање на спортот во нашата земја.

Најпрво ќе се објави повик за финансирање на врвен спорт, тоа значи сите оние екипи, федерации кои се натпреваруваат во Европа, веќе од понеделник или вторник може да се пријават на тој повик.

Министерството за спорт за таа цел одвои 84 милиони денари кои ќе бидат поделени на сите оние екипи и федерации кои се натпреваруваат во Европа.

Воедно, по следните две недели и доделувањето на споменатите средства, ќе следува и финансиска помош од државата за спортот кој порано се нарекуваше „ваучерски систем“.

Ристовски верува дека доаѓаат поубави времиња за спортот во Македонија, дека нема да се дозволи никаква корупција во спортот и сите средства наменети од државата за спортот ќе бидат строго контролирани, како и средствата што ги добиваат младите спортски надежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот