Ристески: Продолжува битката за кастрење на каматите и трошоците за извршување

Минатата година се направија измени Законот за облигациони односи и оттогаш основната каматата не може да биде поголема од основниот долг. Ова беше направено под голем притисок на јавноста, но сепак, бевме изиграни, вели Марјан Ристески, претседател на Конфедерација на синдикални организации на Македонија (КСОМ). Тој објаснува дека покрај основната камата, има и затезна камата, а за неа нема никакви ограничувања

Битката против регулативата за извршување продолжува, најавува Марјан Ристески, претседател на Конфедерација на синдикални организации на Македонија (КСОМ). Тој вели дека ќе се бара прецизирање на законите, со кои навистина ќе застаруваат долговите, а не како сега, кога со едни закони има застареност, а со други се создава можност од фиока да се извади долг стар 20 години. Во собраниска процедура пак, се измени на Закон за облигациони односи во кои се предлага сите камати, и основна и казнена, да не го надминуваат главниот долг.

– Работниците постојано се обраќаат до нас. Луѓе со мали плати, се оставени без егзистенција за извадени долгови направени пред повеќе децении. За некои од нив, тие тврдат дека не се ни запознати. Имаме случај каде за долг од 1.000 денари, сега се бараат 10.000 денари. Оваа пракса не смее да продолжи. Минатата година се направи голем чекор- се измени Законот за облигациони односи и според него, основната каматата не може да биде поголема од основниот долг. Ова беше направено под голем притисок на јавноста, но сепак, бевме изиграни. Излезе дека покрај основната камата, има и затезна камата, многу поопасна од основната, а таа никаде не спомената во законските измени, па така таа казнаена камата достигнува огромни износи, поголеми од основниот долг – објаснува Ристески.

Тој вели дека во Собрание веќе подолго време стои Предлогот за измени и дополнувања на Законот за облигациони односи. Во него, покрај барањето и затезната и основната камата заедно да не ја надминат главницата на долгот, се предлага и ограничување и на нотарските награди и на наградите на извршителите, и тие да не може да бидат поголеми од долгот.

– Работите може да се стават во ред, но се добива впечаток дека тука се штитат нечии интереси. Во овој „бизнис“ има огромни пари. Ние, како Синдикат сметаме дека е најдобро извршувањето да си биде во судовите, како што беше порано. Така, нема да имаме милиониери извршители и нотари, а поголем приход ќе има државата – вели Ристески.

Народниот правобранител лани добил 149 претставки против извршителите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот