Рибар во Вардар „уловил“ торба полна со мини

Ѓубре во Вардар - Фото - Слободен печат- Методи Здравев

Тинејџер од Тетовско кој риболовел на реката Вардар извлекол торба полна со мини.

„Вчера во 12.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека Б.М. (19) од с.Волковија, Тетовско, во с.Стенче, Тетовско, кај местото викано Стенечки Мост на реката Вардар, додека бил на риболов, од реката извлекол торба во која имало седум тромблонски мини“, информираат од МВР.

Известен е јавен обвинител, а од страна на екипа на МВР тие се безбедно подигнати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот