Револуционерно откритие: Моќен антибиотик се спротивставува на отпорноста на бактериите

Фото: Pexels/ Anna Shvets

Научниците открија потенцијален нов антибиотик, „кловибактин“, добиен од бактерии пронајдени во песочната почва во Северна Каролина, Америка. Уникатниот начин на делување на овој нов антибиотик ги зголемува надежите за намалување на развојот на отпорност на лекови кај бактериите, пишува „Саенс алерт“(„Science alert“).

Во новата студија научниците објаснуваат дека „кловибактин“ е откриен во лабораториите на „НовоБиотик“ и иако е во рана фаза, ветува како иден терапевтски лек во борбата против отпорните бактерии.

Микробиологот Ким Луис изрази оптимизам со откривањето на овој антибиотик. Тој вели дека ова е крајот на патот во еволуцијата на отпорноста на антибиотици.

На вистинскиот пат

Ова е особено значајно поради растечката криза на отпорноста на бактериите на антибиотици, која беше трета водечка причина за смртност во светот во 2019 година и се предвидува дека ќе придонесе за десет милиони смртни случаи годишно до 2050 година.

„Сепак, важно е да се остане внимателен. Ние сме само на првиот чекор. Најважната работа за „кловибактинот“, покрај ветувањето како лидер во лекови, е тоа што го проширува нашето разбирање за антибиотиците и за она што е можно“, нагласи Луис.

Развивањето на нови антибиотици е голем предизвик, особено поради тоа што 99 проценти од бактериските видови не соработуваат со условите за лабораториски раст. За да го решат ова, тимот научници користеле техника која вклучува подолг период на инкубација со песочната почва.

По три месеци се појавил нов бактериски вид „Eleftheria terrae carolina“ од кој тие го изолирале „кловибактинот“.

Како функционира „кловибактин“?

Кловибактинот бил изолиран од бактерии кои претходно не можеле да се одгледуваат, па патогените бактерии претходно не виделе таков антибиотик и немале време да развијат отпорност.

„Кловибактинот“ делува така што се врзува за молекулите на фосфатот во бактерискиот клеточен ѕид. Оваа уникатна и непроменлива цел го прави предизвик за бактериите да развијат отпорност. Иако овој механизам се однесува на еден аспект на отпорноста на антибиотици, тој не гарантира целосно спречување на отпорноста.

Она што ветува е дека „кловибактинот“ веќе покажал ефикасност против инфекциите со „МРСА“ кај глувците и покажал нетоксичност за култивирани човечки лабораториски клетки. За време на овие експерименти не бил забележан отпор, што дава надеж за развој на долготрајни антибиотици.

Студија поврзана со ова револуционерно откритие е објавена во списанието „Сел“ („Cell“).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот