Револуционерни Samsung апарати за домаќинство со ВИ

Иновативните технологии движени од вештачката интелигенција во апаратите за домаќинството ни овозможуваат паметно живеење, правејќи ги бројните домашни активности полесни, подобро огранизирани, поекономични, при тоа скратувајќи го времето за нивно извршување. Повеќе не е потребно да размислувате на која програма да ја вклучите машината за перење овој пат со алишта кои не се многу валкани или колку детергент да ставите, бидејќи самата машина „размислува и решава“ за тоа, или пак колкав потрошувач на струја е вашиот фрижидер, затоа што со режимот AI Energy добивате заштеда до 15% проценти.

Најновите апарати за домаќинството за оваа 2024 година од гигантот меѓу производителите на бела техника Samsung го отсликуваат дигиталното време во кое живееме, вклучувајќи ја тука и извонредната можност за поврзување на сите уреди во вашиот дом под капата на SmartThings, како и далечинското управување со истите.

ВИ функции во вашата машина за перење

Благодарение на AI Wash технологијата, новите машини предлагаат циклуси за перење според препознавање на ткаенините, па така вашите алишта ќе бидат испрани темелно со оптимизирана количина на вода и детерѓент како резултат на напредното сензорирање на тежината и мекоста на ткаенините и нивното ниво на нечистотија. Добро познатата технологија Ecobubble темелно ќе ги испере алиштата во ладна вода. Станува збор за новите модели на машините за перење WW8400 и WW7400, обете со предно полнење со SmartThings AI Energy Mode и А-40% екстра енергетска ефикасност, кои ги олеснуваат дури и најсложените домашни работи, со капацитет за перење до 11 килограми алишта. Со помош на вештачката интелигенција, перењето е лесно и ефикасно, бидејќи вашата машина ги „памти“ вашите навики, предлага соодветна програма за перење и навреме ги прикажува потребните информации. Апликацијата SmartThings, исто така, дава совети за програмирање, креира планови и решава проблеми. SpaceMax™ обезбедува повеќе простор во машината за да можете да перете повеќе алишта, вклучувајќи големи ќебиња и постелнина.

Идеален фрижидер за секоја кујна

Фрижидерите веќе не се само место каде на ладно се чува храната или се замрзнува. Денес овие апарати ги наоѓаме во форма и со распоред какви што токму ни требаат: во различни бои и нијанси, со отворање на вратата од лева или од десна страна – зависно од личните преференси и дизајнот на кујната, со Т врата односно двоен фрижидер за поголеми семејства, и секако со бројни иновативни перформанси и функции со вештачка интелигенција кои го прават фрижидерот многу повеќе од само апарат за домаќинството.

Иновативен дизајн и многу повеќе простор за складирање храна донесува фрижидерот со замрзнувач RB6000D. Режимот AI Energy Mode во апликацијата SmartThings заштедува до 15% енергија, а покрај тоа што ја одржува храната посвежа подолго време без да дозволи мешање на мириси од различни намирници, обезбедува и заштеда на сметката за електрична енергија. Вештачката интелигенција кај овој фрижидер придонесува тој да биде ефикасен и при одмрзнување, регулирајќи ја температурата врз основа на претходните шеми на употреба и условите во околината. Изработен е од најнови материјали, но и покрај тенките ѕидови, тој има совршена изолација со помош на технологијата SpaceMax™.

Во него можете да складирате повеќе храна во екстра големиот 538-литарски фрижидер со дизајн со длабочина од 711 mm. Високоефикасната изолација на технологијата SpaceMax™ и изработката од најнови материјатели ги прави ѕидовите многу потенки, создавајќи поголем простор за вашите намирници. Овој модел е достапен и како фрижидер со метално ладење и опцијата за Twin Cooling™ систем, кој ги оптимизира температурата и влажноста во фрижидерот и во замрзнувачот преку независни испарувачи и ладилници, правејќи храната да остане влажна и свежа подолго време. Плочата за метално ладење, металната полица и рамниот метален канал го задржуваат студот од воздухот. Воедно, ја чува храната во најдобра состојба и го штити нејзиниот природен вкус и арома, спречувајќи мешање на непријатни мириси.

Овие фрижидери тип RB6000D имаат долен замрзнувач и користат технологија No Frost, која е докажана дека извонредно ја подобрува циркулацијата на воздухот за да одржи совршена температура во замрзнувачот, при тоа не дозволувајќи да се наталожува мраз. Исто така поседуваат функција Power Cool за инстантно ладење на вашите напитоци на пример во топлите летни денови, како и Power Freeze за замрзнување на храната скоро веднаш.

Како опција за поголем фрижидер e моделот RF9000 со T Style француска врата и Beverage Center кој се издвојува како идеално решение за големи семејства кои бараат ефикасно ладење на големи количини храна. Овој естетски убав уред содржи и Beverage Center™ за подготовка на пијалаци, со чија помош е можно да се подготват освежителни пијалаци или вода со вкус. Со функциите SmartThings Energy храната останува свежа долго време и на тој начин се зачувува нејзиниот природен вкус и мирис. Со помош на тројното ладење, ладен воздух се испорачува до три прегради во фрижидерот и замрзнувачот. Фрижидерот одржува оптималната температура и влажност во секоја од преградите и осигурува храната да не привлече други мириси. Покрај тоа, тука е и предноста на приспособеното ладење, па така функцијата Cool Select+ поседува 5 претходно поставени режими на ладење и оптимизирање на температурата во зависност од тоа кои намирници треба да се одржуваат свежи и оладени. И овој фрижидер има канал за метално ладење кој го задржува сруденилото, како и вграден филтер за отстранување на непријатни миризби со УВ технологија која постојано и самостојно ја чисти површината на филтерот.

 

Промотивна понуда на одбрани фрижидери во текот на јули!

Особено потребен за долгото топло лето, сега имате можност да се обезбедите со фантастичен Samsung фрижидер по поволна цена, благодарение на промотивната понуда за одбрани фрижидери која трае до 28.07.2024 или до истрошување на залихите.


Спонзорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот