Револуционерна технологија: Кинески научници создадоа куче робот за да им помогне на лицата со оштетен вид

Илустрација / Фото: Costfoto/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Роботско куче водич, создадено од кинески научници од Универзитетот „Џиао Тонг“ во Шангај, е помалку влакнесто од вистинските кучиња и има шест нозе, а се смета дека еден ден може да им помогне на лицата со оштетен вид да водат понезависен живот.

Роботската верзија на кучето водич, која моментално се тестира во теренски услови, е способнa да се движи низ физичкиот свет преку камери и сензори и може да препознае семафори, што вистинските кучиња водичи не го можат, пренесува „Ројтерс“.

Кучето робот е приближно со големина на расата на кучиња – англиски булдог и со употреба на вештачка интелигенција интегрирана во технологијата за препознавање глас, планирање маршрути и идентификација на семафори, може да комуницира, слуша и разговара со лица со оштетен вид, а неговите три пара нозе му помагаат лесно да оди со максимална стабилност.

Сопружниците Ли Феи (41) и Жу Сибин (42) се лица со оштетен вид кои му помагаат на тимот научници да го тестираат кучето робот користејќи команди на кинески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот