Револуционерна операција: На 13-годишно момче кое боледува од епилепсија му е вграден апарат во черепот за да ги потисне нападите

Фото: Pexels

Момче од Велика Британија кое боледува од тешка форма на епилепсија, стана првиот пациент на кој му е вграден апарат во черепот за да ги потисне нападите.

Оран Ноулсон (13) има синдром Ленокс-Гасто, форма на епилепсија отпорна на стандардното лекување, а невростимулаторот кој хируршки му бил вграден му ги намалил дневните напади за 80 отсто, јавува Би-би-си.

Момчето развило епилепсија кога имало три години, а оттогаш му е дијагностициран аутизам и хиперкинетичко нарушување (АДХД).

Неговата мајка, Џастин, рекла дека нападите на Оран биле многу чести, како и дека тој често имал повеќе од стотина епизоди дневно, кои вклучувале паѓање на земја, губење на способноста за дишење и реанимација.

Оран е вклучен во проектот CADET, односно серија испитувања кои ја проценуваат безбедноста и ефективноста на длабоката стимулација на мозокот за тешка епилепсија.

Овој проект го развиле од болницата „Грејт Ормонд стрит“ (Great Ormond Street), Универзитетскиот колеџ во Лондон, болницата Кингс колеџ и Универзитетот во Оксфорд.

Нападите на епилепсијата се активираат од невообичаена електрична активност во мозокот, а целта на овој апарат е да ги запре или прекине абнормалните мозочни сигнали.

Операцијата, која траела околу осум часа, била извршена во октомври 2023 година.

Семејството на момчето наведува дека е свесни дека ова не е лек за епилепсија, но се надеваат дека ќе го подобри квалитетот на животот на Оран, пишува Би-би-си.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот