Ревизија на земјоделството во ФБиХ: Незаконски стимулации и двојно производство

ЕPA-EFE/KHALED ELFIQI

Канцеларијата за ревизија на институциите во Федерацијата Босна и Херцеговина спроведе ревизија на влијанието на стимулациите во земјоделството, со цел да се потврди дали надлежните институции обезбедиле услови за ефикасно управување со земјоделските стимулации и дали се постигнуваат задоволителни резултати, објави Кликс.ба.

Земјоделците од областа на кантонот Тузла се незадоволни од доцнењето на исплатата на стимулации и не ја исклучуваат можноста за протести, а меѓу другото се лути и на кантоналната власт која не им ги исплатила најавените средства. Сепак, работите не се едноставни. Имено, како што соопшти Министерството за земјоделство на ТК, Програмата за финансиска поддршка е во нацрт, но до денес не е усвоена поради негативниот ревизорски извештај на Ревизорската канцеларија на ФБиХ.

Појаснето е дека ревизијата на институциите во ФБиХ констатирала повеќе прекршувања, односно дуплирање на земјоделското производство, поточно производството на млеко и пилешко месо, како и пчеларството и увозот на бремени јуници.

Во ревизорскиот извештај, меѓу другото, беше наведено дека од анализата на федералните и кантоналните програми за трошење за периодот од 2020 до 2022 година е констатирано дека тие не ги исполнуваат минималните стандарди што треба да ги следат институциите при планирање и доделување средства.

Исто така, резултатите од ревизијата покажаа дека на територијата на Федерацијата Босна и Херцеговина, надлежните институции не обезбедиле услови за ефективно управување со земјоделските стимулации и дека со спроведувањето на земјоделските стимулации не се постигнува задоволителен резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот