Рекордерот по бројот на настапи во Белгија се збогуваше со националниот дрес по настапот на ЕП

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Белгискиот рекордер по бројот на настапи, Јан Вертонген, објави дека се повлекува од националниот дрес на 37-годишна возраст.

На последниот настап за својата репрезентација, Вертонген си постигна автогол и беше трагичар во поразот на Белгија од Франција во осминафиналето. Искусниот дефанзивец несреќниот автогол си го постигна во 85. минута и така Франција славеше победа од 1:0 и се пласираше во четвртфиналето.

Вертонген е рекордер по бројот на настапи во Белгија и ги има 157. Зад него следи Витсел со 132, па Алдервилд со 127.

„На сите од прв до последен ви благодарам за сите спомени, го живеев мојот сон“, објави Вертонген.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот