Регистрирани неколку пожари на отворено

цук 112
Се воведува бројот за итни повици 112 / Фото: Слободен Печат - Драган Митрески

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изминатото деноноќие биле регистрирани неколку пожари на отворен простор.

– Пожарникари од ТППЕ Битола вчера од 12:00 до 12:45 часот гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на село Смолево, општина Битола. Пожарникарите од ТППЕ Струмица од 18:15 до 19:58 часот гаснеле запалено спортско игралиште во село Борисово, општина Струмица. Од 16:15 до 17:50 часот пожарникари одТППЕ Гевгелија гаснеле запалена депонија над населба Карпош во Стар Дојран, општина Дојран, а од 17:50 до 19:40 часот пожарникари од ТППЕ Гевгелија гаснеле запалена ниска вегетација и дрва во село Николич, општина Дојран. Пожарникари од ТППЕ Македонски Брод од 9:58 до 15:10 часот гаснеле дива депонија во атарот на село Девич – соопшти ЦУК.

Оттаму информираат дека изминатите 24 часа имало вкупно 1 643 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, од нив „реални“ повици биле 55,20 отсто, а 44,80 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 58,89 отсто, кон Итната медицинска помош 26,48 отсто, кон пожарникарите 3,16 отсто, а кон АМСМ 0,40 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 764 повик за итни случаи на 112 за во ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот