Регистрирани девет пожари на територија на цела држава

Возило на македонската пожарна/ Фото: Архива

Во изминатото деноноќие се евидентирани девет пожари на територијата на Македонија, но сите биле изгаснати од пожарникарите, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во општините Гази Баба и Карпош горела сува трева и ѓубре, а пожарот зафатил сува трева и грмушки кон стариот пат за Арачиново. Опожарено ѓубриште имало во општините Битола и Струга и во реон кон граничниот премин „Ќафасан“. Регистрирани пожари имало во општина Свети Николе, општина Кочани, кај село Облешево. Сува трева горела во општина Куманово, кај населбата „Диво Насеље“.

Повикувачкиот број за итни случаи во последното деноноќие добил 1.975 повици – 112 во ЦУК. Од нив, „реални“ повици биле 55,75 отсто, а 44,25 проценти биле за други потреби на граѓаните. Кон полиција биле упатени 61,47 проценти, кон Итната медицинска помош – 24,36 отсто, кон пожарникарите – 4,81 процент, а кон АМСМ – 0,29 отсто од реалните повици кон 112, информираат од ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот