Редовно сообраќаат автобусите на ЈСП „Скопје“, вработените денеска ќе ја добијат јануарската плата

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово излегоа од двете авто бази во Автокоманда и Ѓорче Петров и редовно сообраќаат.

– Надминати се надоразбирањата околу личниот доход и вработените денес ќе ја добијат јануарската плата. Во интерес на нашите корисници на услуги, ќе ја сервисираме нашата обрска кон нив редовно, со сите автобуси предвидени за јавен градски превоз, изјави утрово за МИА Миќо Стојановски, претседателот на Синдикатот на ЈСП „Скопје“.

Тој нагласи дека јавниот градски превоз ќе функционира нормално. Изрази надеж дека ова ќе биде крај на, како што рече, сите недоразбирања и дека нема повеќе граѓаните да не се занимваат со вработените на ЈСП „Скопје“, нивните работни обврски и плати.

Според вчерашните најави на синдикатите, денеска автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не требаше да сообраќаат поради неисплата на јануарската плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот