Рецепт за септемвриски колач со грозје: Мек е како памук, со посебен шмек

Фото: Jiří Poláček / Ifood SM / Profimedia

Сочен десерт за сите пригоди, но и за обичните денови кога сакате да изедете нешто слатко. Грозјето му дава посебен шмек на овој т. н. септемвриски колач.

Состојки:

– 3 јајца
– 150 грама шеќер
– 2 ванилин шеќер
– 2 дл јогурт
– 75 мл масло
– 300 грама брашно
– 6 лажици мелени ореви
– 1 прашок за печиво
– 500 грама грозје

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во сад изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте ги јогуртот и маслото. Додајте ги брашното, прашокот за печиво и мелените ореви. Смесата сипете ја во плех обложен со хартија за печење.

Печете во рерна загреана на 200 степени, додека не се фати кора. Потоа, извадете го и одозгора расфрлајте го грозјето.

Вратете во рерна и печете уште 15 до 20 минути.

Испечениот колач оставете го да се излади, а потоа посипете го со шеќер во прав.
Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот