Рецепт за рози со ореви, заборавен колач од нашето детство

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Вкусот и мирисот на топлите розички со ореви потсетуваат на детството. Има нешто во тоа чувство на безгрижност, кое се враќа веќе со првиот залак од овој неодолив колач.

Она што е уште попрекрасно кај овие розички со ореви е тоа што се феноменални и следниот ден.

Тесто:

– 200 мл млако млеко
– 2 жолчки и едно цело јајце
– 250 грама путер на собна температура
– 100 мл масло
– 4 лажици шеќер
– 8 грама сув квасец
– 650-700 грама меко брашно (тип 400)

Фил:

– 250 грама ореви
– 2 белки
– 3 лажици шеќер во прав
– 2 ванилин шеќер

Подготовка:

Сите состојки за тестото треба добро да се соединат, па се додава лажица по лажица брашно и тестото убаво се замесува, па се остава да отстои половина час.

За тоа време се прави филот така што се соединуваат сите состојки за филот и се прават топчиња од добиената смеса.

Потоа, од тестото земаме по малку и го развлекуваме на тенко со сукало, кога ќе добиеме тенок круг, го сечеме од сите 4 страни, во средината ставаме топче фил и го виткаме тестото во форма на роза.

Направените розички се печат 15 минути на 200 степени Целзиусови.

Пријатно!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот