Рецепт за потпечени макарони со сирење: Евтино јадење со скап вкус кое ќе ве држи сити

Фото: Ivan Danik / Alamy / Alamy / Profimedia

За да подготвите вкусни тестенини, не ви треба многу време, состојки или кујнски додатоци. Постојат безброј комбинации со кои можете да експериментирате.

Ако барате нешто едноставно, брзо и вкусно за ручек или вечера во топлите денови, ви предлагаме печени тестенини со сирење. Евтино, а многу вкусно јадење.

Состојки:

– половина пакување тестенини (за двајца)
– 100 грaма кравјо сирење
– половина чаша грчки јогурт
– 2-3 лажици крем-сирење
– по 1 лажичка нане, оригано, магдонос (по избор)
– маслиново масло, сол, бибер
– 1 голем исечкан кромид
– 1 сечкана лута пиперка
– 1/4 чаша сецкани маслинки (по избор)

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето на маслиново масло пропржете го кромидот и биберот додека не омекнат. Додадете нане, оригано, магдонос, маслинки и пржете уште 1-2 минути. Во еден сад измешајте го сирењето со јогуртот и крем-сирењето додека не стане кремаста. Додадете малку бибер, а кога тестенините ќе бидат готови, исцедете ги и вратете ги во тенџерето, а потоа додајте го сварениот зеленчук и остатокот од маслиновото масло. Додадете го сосот од сирење и добро измешајте. Одозгора можете да посипете малку суво сирење како пармезан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот