Рецепт за посни полнети пиперки, повкусни од оние со месо

Фото: Pexels / Ana Palade

Во деновите на пост не мора да се откажете од омиленото јадење – заменете го месото со зеленчук и ќе биде повкусно!

Состојки:

– 10 пиперки
– 200 грама ориз
– 200 грама грашок
– 200 грама моркови
– 1 главица лук
– 1 главица кромид
– 3 компири
– 2 дл масло
– 2 лажици брашно
– магдонос
– сол, бибер

Подготовка:

Грашокот и оризот згответе ги одвоено, а пиперките исчистете ги од семки. Во посебен сад на масло пропржете кромид, лук и моркови (претходно исечкајте ги состојките), па додајте ги зготвениот ориз и грашок.

Измешајте и зачинете по вкус, а потоа со подготвената смеса полнете ги пиперките. Секоја затворете ја со парче компир, наредете ги пиперките во сад и прелијте ги со бел сос.

Сосот се подготвува така што на масло ќе пропржите брашно, ќе додадете вода и ситно сечкан лук и зачини по вкус.

Пиперките печете ги во рерна околу 45 минути на температура од 200 степени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот