Рецепт за посен колач со вишни на вода: Мек, сочен и евтин

Фото: Профимедиа

Многумина што постат во овој период треба да имаат што повеќе идеи за исхраната да биде разновидна. Без разлика дали е во прашање пост на вода или на масло.

Навикнати сме редовно да јадеме и разни деликатеси, а денеска ви предлагаме нешто старинско, а тоа е колач со вишни на вода. Овој колач е нешто што ќе им се допадне на сите, бидејќи кога и ги посетиме нашите баби, секогаш јадеме колачи со вишни, ореви…

Состојки:

– 300 грама вишни
– 400 мл вода
– 4 лажици џем (по ваш избор)
– 12 лажици шеќер
– 100 грама пченични никулци
– 18 лажици брашно
– 10 грама прашок за печиво

Подготовка:

Рерната вклучете ја и загрејте ја на 200 степени.
Во поголем сад измешајте ги прашокот за печиво, водата, шеќерот, брашното и пченични никулци, па сè добро измешајте.
Потоа додајте го џемот, а потоа смесата убаво изедначете ја.
Кога ќе го додајте џемот, додајте ги црешите и сè заедно измешајте со шпатула.
Оставете ја смесата да отстои додека рерната се загрева.
Во плех со димензии 30 x 20 ставете хартија за печење, па рамномерно распоредете ја смесата низ него.
Сè порамнете и ставете да се пече.
Веднаш штом ќе го ставите во рерна, намалете ја температурата на 180 степени.
Печете околу 55 минути.
Кога ќе се испече, колачот извадете го од рерна, а кога ќе се излади посипете го со шеќер во прав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот