Рецепт за пита со компири со готови кори

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Домашната пита од компири направена од готови кори е совршена идеја за оброк, притоа имајте на ум дека иако навидум ви изгледа комплицирана, мошне лесно се подготвува.

За само половина час можете да направите вкусна пита, без разлика дали за појадок, вечера или за попразнична пригода.

Состојки:

– 500 грама кори
– 600 грама компири
– 1 главица кромид
– сушен зачин од билки
– сол
– бибер

За филот:

– 1,5 дл масло
– 2,5 дл вода
– 1 лажичка сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. На малку масло пропржете го кромидот. Тргнете го од оган и додадете рендан компир и зачини. Добро измешајте. Комбинирајте масло, вода и сол. Наредете 2 кори на плех обложен со хартија за печење и прелијте ги со подготвената смеса. Премачкајте го филот преку кората. Повторете ја постапката додека не го потрошите целиот материјал. Прелијте ја со последната кора. Бурекот се пече околу 20 минути во рерна загреана на 200 степени. Пријатно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот