Рецепт за пијан колач со чоколадо и вишни

Фото: Susanne Nilsson / Flickr

Ако ви се јаде нешто слатко, тогаш задолжително пробајте го рецептот за пијан колач со чоколадо и вишни.

Нема ништо подобро од домашни колачи, а денес има многу рецепти за нивна едноставна подготовка. Комбинацијата на состојките е одлична, а нема некој што не сака спој на рум, чоколадо и вишни.

Состојки:

– 3 јајца

– 150 г шеќер

– 170 г брашно

– 2 лажици какао

– 150 г чоколадо за готвење

– 150 г маргарин

– 1 прашок за печиво

– 1 чаша рум (чаша за ракија)

– 250 г вишни

– 1 ќесичка чоколаден пудинг

– кокосово брашно

– мелена плазма

Подготовка:

Направете го тестото

Јајцата со шеќер изматете ги пенесто, па додајте го чоколадото што сте го растопиле со маргаринот. Потоа во таа смеса додајте го просеаното брашно со прашокот за печиво, какаото и половина чаша рум разреден со половина чаша вода. Изматете го тестото, па сипете го во подмачкан со масло и набрашнет калап. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути.

Направете го филот

Во тенџере сипете 200 мл вода и шеќер, па варете на тивок оган додека не се растопи шеќерот, па додајте ги вишните. За тоа време, во сад измешајте го чоколадниот пудинг со 100 мл вода и убаво измешајте за да не останат грутчиња. Кога смесата со вишни ќе зоврие, додајте го пудингот и убаво измешајте. Гответе додека не се згусне филот, со постојано мешање. Тргнете од шпорет, па сипете половина чашка рум што сте го разредиле со половина чаша вода. Сè убаво соединете.

Премачкајте го филот преку кората

Врз кората премачкајте го филот со вишни и пудинг, па ставете го во фрижидер малку да се стегне. Во сад измешајте ги кокосовото брашно и плазмата, па украсете ја тортата.кокосовото брашно и плазмата, па украсете ја тортата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот