Рецепт за паста алфредо подобра од класичната

Фото: Pxhere

Состојки:

– 2 пилешки филети
– 500 грама шпагети
– 200 мл павлака за готвење
– 200 грама свеж спанаќ
– 1 лажичка мелена црвена пиперка
– 2 чешниња лук
– 1 лажичка сол
– 2 лажици путер
– 4 суви домати

Подготовка:

Месото исечете го на филети и зачинете со мелената пиперка и сол. Филетите испржете ги на загреан путер. Извадете ги и во истото тавче продинстајте сечкан лук, додајте ги сувите домати и павлаката за готвење. Оставете да се готви околу пет минути. Додајте го спанаќот и варете уште пет минути. Вратете го месото и оставете 2-3 минути.
Тестенините сварете ги според упатството на ќесичката, извадете ги во чинија, одозгора ставете го месото и прелијте ги со сосот.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот