Рецепт за најсочниот колач со ванила и вишни

Фото: Профимедиа

Веројатно ќе се согласите дека секогаш е вистинско време за колач. Особено во лето, во сезоната на сочни вишни, праски, кајсии… И сигурно овој рецепт го имате запишано во некоја од тетратките од вашите мајка или баби, но сепак, да ве потсетиме. Во овој рецепт се додава и пудинг од ванила, кој дополнително ќе го збогати вкусот на колачот.

Состојки:

– 2 јајца
– 120 грама брашно
– 50 мл масло
– 2 лажици шеќер
– 100 мл јогурт
– 50 грама суво грозје
– 100 грама вишни
– 300 мл млеко
– 1 пудинг од ванила
– 1/2 прашок за печиво

Подготовка:

Сварете го пудингот во млекото со 1 лажица шеќер (или ако сакате многу благо, додајте повеќе шеќер) и оставете малку да се излади.

Изматете ги јајцата со 1 лажица шеќер, па додадете го брашното со прашокот за печиво.

Потоа, додајте ги маслото, јогуртот, сувото грозје и вишните. Сето тоа изедначете го. Подмачкајте ја тавата со масло и сипете го тестото.

Пудингот ставете го во ќесе за замрзнување и отворете мала дупка, па ишарајте по тестото, правејќи коцки. Во секој коцка ставете овошје (ако немате вишни, може да изберете овошје по ваш вкус).

Печете околу 35-40 минути на 200 степени.

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот