Рецепт за млади компири со сланина и јајца: Пикантно, вкусно и неодоливо!

Фото: Sergii Koval / Alamy / Alamy / Profimedia

Компирот е омилена намирница кај нас, па речиси секогаш го имаме дома. Постојат безброј варијанти на македонски јадења, но и на оние од светските кујни, во кои компирите се или главна намирница или прилог.

Денеска ви предлагаме еден интересен, а многу едноставен рецепт. Откако ќе подготвите компири на овој начин, веруваме дека често ќе се наоѓаат на вашата трпеза. Освен за вечера, можете да ги послужите и како главно јадење… Уживајте!

Состојки:

– маслиново масло
– 1,5 кг млад компир
– две-три чешниња лук
– две суви лути пиперки
– 100 грама сланина (со повеќе месо)
– четири јајца
– мајчина душичка, босилек
– сол, бибер

Подготовка:

Младите компири убаво измијте ги, па варете десетина минути во посолена, зовриена вода за малку да омекнат. Потоа, исцедете ги и префрлете ги во тава. Додадете ги целите чешниња лук, исечканите на ленти лути пиперки и ситно сечканата сланина.

Посолете, додадете бибер, зачинете со мајчина душица и босилек, прелијте со маслиново масло и печете во рерна на 200 степени 25 минути. Во меѓувреме, испржете ги јајцата на око, па послужете ги со компирите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот