Рецепт за кремаст колач од гриз и пудинг, кој се подготвува на рингла

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Колачот од гриз и пудинг е еден од омилените десерти во семејните домови.

Станува збор за рецепт кој домаќинките со задоволство го прават, бидејќи многу едноставно се подготвува и има неверојатен вкус.

Ќе го направите многу лесно и брзо, а потоа само треба да бидете трпеливи и да почекате убаво да се стегне колачот.

Состојки:

– 2 литри млеко
– 300 грама гриз
– 1 пудинг од ванила
– 50 грама кафеав шеќер
– 70 грама бел шеќер
– 2 ќесички ванилин шеќер
– 1 жолчка
– 300 грама путер
– 0,5 грама шлаг
– 1 јајце
– 400 грама бисквити

Подготовка:

За подлогата, издробете ги бисквитите и додадете 150 грама путер, 50 грама кафеав шеќер и едно јајце. Сите состојки добро измешајте ги и направете подлога за колач.

Вклучете ја рерната на 200 степени и оставете да се пече 5 минути.

Во сад за готвење сипете млеко, а еден дел оставете за пудингот. Пред млекото да зоврие, сипете го разматениот пудинг, 2 ќесички ванилин шеќер, 300 грама гриз и 70 грама шеќер. Постојано мешајте. Кога ќе започне да врие, варете уште 2 минути и оставете да се излади.

Кога малку ќе се излади, додадете 1 жолчка и 150 грама путер. Добро измешајте и прелијте врз подлогата од бисквити. Кога колачот ќе се излади, украсете со шлаг.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот