Рецепт за колач со вишни и јогурт, омилениот десерт од детството

Фото: Профимедиа

Колачот со вишни мириса на детство. Ако сте љубител на вишни, а сакате и малку да се засладите, погледнете ја подготовката за овој едноставен рецепт и колачот што ќе го обожавате. Исто така, кога имате неочекувани гости, ова е и одличен начин да бидете внимателни кон нив, односно да ги угостите. Сите ќе го паметат вкусот на овој сладок деликатес. Колачот украсете го со шеќер во прав, но дури кога ќе се излади.

Како да го направите старинскиот колач со вишни, од кој ќе замириса целата куќа.

Состојки:

– 4 јајца
– 1 шолја гранулиран шеќер
– половина шолја масло
– 1 шолја јогурт
– 2 шолји брашно
– 1 ванилин шеќер
– 1 прашок за печиво
– 1 шолја со средна големина како мерка за подготовка

Подготовка:

Подгответе четири јајца. Одделете ги белките од жолчките. Пенесто изматете ги белките со една шолја бел гранулиран шеќер, а потоа додајте ги жолчките. Додајте околу половина од истата шолја масло, една шолја јогурт и две шолји брашно. Потоа, сипете ванилин шеќер и прашок за печиво. Измешајте сè со миксер.
Во плех ставете хартија за печење, сипете ја смесата и додајте вишни исчистени од коска. Кога колачот ќе се излади, посипете шеќер во прав.

Напомена: Користете шолја со средна големина како мерка, нема потреба да избирате некоја голема и широка. Колачот што ќе го добиете од една смеса ќе биде доволна за шест лица.

Уживајте во супередноставниот и брз рецепт! Ќе биде многу повкусно и поубаво со шолја кафе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот