Рецепт за колач со гриз, круши и карамела

Фото: Natalia Peredniankina / Alamy / Alamy / Profimedia

Ова е рецепт со состојки што ги имате дома и не бара искуство и умешност. Мек, сочен, миризлив колач…

Подготовката е многу едноставна, а вкусот е фантастичен. Мекото слатко тесто и овошјето одозгора се совршена комбинација за уживање со шолја чај.

Состојки:

– 3 јајца
– 200 грама шеќер + 100 грама
– 1 лажица рендано чоколадо
– 100 грама гриз
– 100 грама брашно
– 1 прашок за печиво
– 50 мл масло
– 4-5 круши
– коцка маргарин
– грст сечкани ореви
– рум

Подготовка:

Изматете ги јајцата со 100 грама шеќер, додајте го чоколадото, гризот, брашното со прашокот за печиво, маслото и сè добро промешајте. Во помало тенџерче растопете 200 грама шеќер да се претвори во карамел, па додајте го маргаринот и добро промешајте додека не се соединат.

Плехот обложете го со хартија за печење и сипете го карамелот. Крушките исчистете ги и пресечете ги на половина и извадете ги семките. Наредете ги врз карамелата свртени надолу. Помеѓу нив додајте уште малку овошје (по избор) и наросете со крупно сечканите ореви. Одозгора ставете го тестото и распоредете го.

Печете на 190 степени околу 35-40 минути. Посипете со рум или премачкајте со изматен шлаг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот