Рецепт за италијанска паста: Вкусен деликатес со модар патлиџан кој ги буди сите сетила

Фото: Wikimedia Commons

Сезоната на модрите патлиџани полека завршува, па затоа, сега е вистинското време да ги искористите сите убавини од овој зеленчук.
Тестенините со модар патлиџан ќе ги изедете со посебно уживање, па најдобро е веднаш да направите двојна мерка.

Состојки:

– 300 грама тестенини (по избор)
– 1 голем модар патлиџан
– 2 чешниња лук
– 400 грама сос од домати
– маслиново масло
– сол
– бибер
– свеж магдонос

Подготовка:

Измијте го модриот патлиџан и исечете го на коцки. Во тава загрејте маслиново масло, додадете ситно сечкан лук и кратко пропржете го. Додадете ги коцките модар патлиџан и пропржете ги додека не омекнат. Потоа додадете сос од домати, сол, бибер и варете додека сосот не се згусне. Во меѓувреме, варете ги тестенините според упатствата на пакувањето. Кога тестенините се готови, соединете ги со сосот од модар патлиџан и добро измешајте. На крај посипете со сечкан магдонос и послужете топло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот