Рецепт за домашен сок од нане: Најдоброто освежување во топлите летни денови!

Фото: Yana Gayvoronskaya / Alamy / Alamy / Profimedia

Сокот од нане се подготвува од свежи листови и гранчиња од билката нане. Пред подготовката, треба добро да се измијат за да се отстрани нечистотијата и штетниците од лисјата. Во зависност од количината на сокот што сакате да го подготвите, можете да ја зголемите количината на состојките. Домашниот сок најдобро е да се чува на ладно место. Наведената количина на состојки е доволна за околу 5 л сок од нане.

Домашниот сок од нане ќе ве освежи во топлите летни денови, а освен што е вкусен, исклучително лесно се прави.

Состојки:

– 300 грама свежо нане
– 3 литри вода
– 200 грама шеќер (или по вкус)
– сок од 2 лимони
– мраз (по избор)

Фото: LiliGraphie / Alamy / Alamy / Profimedia

Подготовка:

Свежото нане измијте го со ладна вода за да ги отстраните нечистотиите од него. Листовите нане ситно исечкајте ги или грубо искршете ги за да ги ослободите ароматичните масла. Иситнетото нане измешајте го со 5-6 лажици шеќер и сокот од лимон и добро изгмечете го со раце. Сето тоа прелијте го со вода и оставете го да отстои 24 часа. Откако ќе отстои смесата, процедете ја и префрлете ја добиената течност во друг сад.

Во течноста додајте шеќер и измешајте го сето тоа за да се раствори добро шеќерот. Оставете го да отстои 24 часа и промешувајте го на секои 4-5 часа. Откако ќе спласне течноста, процедете ја во голем сад. Сипете вода и се измешајте добро. Добиениот сок сипете го во стаклени шишиња и затворете ги со капаче. Можете веднаш да го консумирате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот