Рецепт за чоколаден колач што не дебелее, без брашно и шеќер

Фото: Flickr

Здрав, едноставен, евтин и најважно, неверојатно вкусен колач – потребни ви се само неколку состојки и ќе добиете кремаст, магичен десерт.

Денеска ви претставуваме рецепт за лесен чоколаден колач, кој се подготвува многу брзо и едноставно.

Состојки:

– 2 јајца
– 2 банани
– 2 лажички какао
– 10 грама прашок за печиво
– 70 грама темно чоколадо
– 30-50 мл млеко

Подготовка:

Испасирајте ги зрелите банани и во нив додајте ги јајцата, какаото и прашокот за печиво. Ставете ги во блендер или изматете ги со миксер, а потоа ставете ја смесата во плех и печете 25 минути на 180 степени Целзиусови.
Откако колачот ќе се испече, оставете го да се излади на собна температура, а потоа прелијте го со растопеното темно чоколадо во кое ќе додадете малку млеко.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот