Рецепт за брз колач со кајсии: Аромачитен и со поинаков вкус

Фото: Wikimedia Commons

Колачот со кајсии се подготвува по многу сличен рецепт како колачот со вишни, со тоа што, за разлика од вишните, кои се кисели, миризливите кајсии на овој колач му даваат сосема поинаков вкус и мирис.

Фото: bakesbybrownsugar. com

Состојки:

– кајсии
– 4 јајца
– 150 грама мелени бадеми
– 100 грама остро брашно
– 100 грама путер
– 100 грама шеќер
– 2 мали лажички прашок за печиво
– малку презла за посипување на плехот

Фото: Bakesbybrownsugar.com

Подготовка:

Измијте ги кајсиите, извадете ги семките и исечете ги на помали парчиња. Плехот за печење
намачкајте го со маргарин и посипете го со презла.

Маргаринот растопете го на тивок оган. Во сад помешајте ги брашното, прашокот за печиво и бадемите. Во друг сад, во траење од пет минути матете ги јајцата со шеќерот.

Разладениот маргарин полека додавајте го во смесата со јајца и шеќер, а потоа постепено додајте ги брашното, бадемите и прашокот за печиво.

Ставете ја смесата во плехот и одозгора распоредете ги кајсиите.

Колачот ставете го во рерна загреана на 180 степени и печете околу 30 минути.

Фото: Bakesbybrownsugar.com

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот