Рецепт за афогато – италијанско кафе со сладолед

Фото: Chen Qiyang / Panthermedia / Profimedia

Афогато е познато италијанско кафе, а отсега не мора да го нарачувате само во кафулињата и во рестораните. Ви нудиме можност сами да го направите дома.

Сладок пијалак што ќе ве разбуди и ќе ве освежи.

Состојки:

– мала шолја силно кафе (најдобро еспресо, а доколку немате, тогаш кое било инстант кафе)

– голема топка сладолед

– амарето или сладок сируп по ваш избор (карамела, бадем, чоколада)

Подготовка:

Сварете го кафето. Во шолјата ставете една топка сладолед и прелијте ја со топлото кафе.

На крај, додајте го сирупот, одлично би било со малку амарето, но може и со кој било друг сируп или ликер по желба.

Ова обично се служи како комбинација од кафе и десерт на крајот на оброкот!

Пријатно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот