Рецепт на Стефанија Несторовска: Колач чоко-портокал, ќе ги задоволи непцата на сите сладокусци

Фото: Приватна архива

Рецептот доаѓа директно од рацете на вештата и инвентивна Стефанија Несторовска, која стои зад инстаграм-профилот и блогот snestorovska.com.

Стефанија денеска ни приготви чоколаден колач со портокал, кој ќе ги задоволи непцата на сите сладокусци, а самиот изглед на колачот е вистински рај за очите.

Состојки:
За колачот:

– 150 г (1+1/2 шолја) овесно брашно
– 100 г (1 шолја) мелени бадеми
– 40 г (1/3 шолја) какао
– малку морско оревче + ѓумбир
– 2 лажички прашок за печиво
– 105 г (1/3 шолја) јаворов сируп
– 1 јајце
– кора од 2 портокали
– сок од 1 портокал
– 55 г (1/4 шолја) кокосово масло, стопено
– 180 мл (3/4 шолја) млеко од бадеми

За чоколадниот прелив:

– 170 г (1 шолја) чоколадни капки или 1 црно чоколадо
– 1 лажичка кокосово масло

За топингот:

– сечкан портокал
– бадем ливчиња или нешто по ваша желба

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Се загрева рерната на 160 степени и се пропрскува со кокосово масло калапот за колачот. Може да се користи каков било калап.

Во голем длабок сад се додаваат сите суви состојки. Убаво се промешува за да се соединат.

Во одделен сад се додаваат сите други состојки (без кората од портокал) и се промешува за да се соединат.

Оваа смеса се додава на сувата смеса и се промешува за да се соединат сите состојки.
На крајот, се додава и кората од портокал и нежно се промешува за да се соедини со смесата.

Се додава смесата во калапот за печење и се пече 40 минути.

За чоколадниот прелив се додаваат чоколадото и кокосовото масло во мало тенџерче и на многу ниска температура се остава да се растопи.

Се додава како прелив на колачот и одозгора се додаваат глазури по желба.
Се остава малку да се зацврсти пред да се исече.

Највкусно е секако кога е топло и тазе, а инаку може да се чува на собна температура два дена или во ладилник до пет дена.

Фото: Приватна архива

Забелешки и совети:

→ Не заборавајте да ги мерите овесното брашно и бадемите откако ќе ги сомелете.
→ Јаворовиот сируп може да се замени со каков било друг течен засладувач по желба.
→ Млекото од бадеми може да се замени со какво било друго млеко од јаткасти плодови или, пак, со обично млеко.
→ Ако не сакате да изрендате два портокали, користете кора од само еден портокал, истиот од кој потоа ќе го искористите и сокот за овој рецепт. Но, јас мислам дека дава екстра вкусна нота на самиот колач па затоа го препорачувам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот