Реал Мадрид покажува интерес за играчот на Манчестер јунајтед Далот

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Реал Мадрид внимателно го следи развојот на одбранбениот играч на Манчестер јунајтед, Диого Далот (25).

Португалскиот фудбалер е посочен како потенцијална трансфер цел за засилување на одбраната на „кралевите“ следното лето, пренесува „Фишајес“.

Реал размислува за нов десен бек, а Далот го гледа како потенцијална замена за Дани Карвахал кој има 32 години.

Всушност, прв избор на Реал за оваа позиција е дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд. Неговата привлечност, сепак, може да испадне доста тешка задача, па „Сантијаго Бернабеу“ размислуваат за други опции и една од нив е Далот.

Далот стекна големо искуство и во Премиер лигата и во Серија А каде настапуваше за Милан, а исто така е репрезентативец на својата земја со 24 натпревари и три голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот