Реал една година без пораз во Ла Лига: Тимот на Анчелоти го брка рекордот на Барса

фото: EPA-EFE/Juanjo Martin

Интересен статистички факт за шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид. Последен пат тимот загуби натпревар во шпанското првенство пред една година.

Играчите на Карло Анчелоти во седмото коло го совладаа Алавес (3:2) и забележаа пет последователни успеси од стартот на новата сезона во Ла Лига.

Последниот пораз на „кралевите“ во првенството беше на 24 септември 2023 година. Оттогаш тие одиграа 39 натпревари и никогаш не загубија. Само Барселона има подолга серија – 43 натпревари од 2017 до 2018 година.

Во следното коло Реал игра уште едно дерби со Атлетико, а натпреварот е закажан за 29 септември. Реал Мадрид потоа ќе се соочи со Виљареал (дома), Селта Виго (гости), Барселона (дома) и Валенсија (гости).

Ако тимот на Карло Анчелоти сака да го подобри рекордот на каталонскиот гигант, ќе треба да остане непоразен во овие натпревари.

ВИДЕО | Алавес доцна се разбуди, Реал Мадрид не дозволи чудо на „Бернабеу“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот