Разрешена Бесија Иљази, која на работа на Токсикологија одеше со преведувач

Бесија Иљази / Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Министерот за здравство Арбен Таравари, го исполни ветувањето што го даде вчера. Денеска ги потпишал решенијата за разрешување на неколку економски директори на скопските Клиники меѓу кои и на Бесија Иљази, досегашна вршителка на должноста економски директор на Клиниката за Токсикологија.

Иљази беше во центарот на бројни скадали, меѓу кои и враќање на работа на болничарот што на камера призна дека барал урина со наркотици да биде заменета со чиста урина, не ја осигуруваше болницата поради фаворизирање на нејзин брокер, но и тоа што одбиваше да зборува на македонски јазик и на работа доаѓаше со преведувач.

Откако завршиле административните процедури во правната служба, разрешени покрај Иљази се економските директори на Клиниките за дерматологија, физикална медицина, стоматологија, психијатриската клиника, ендокринологија, неврологија, максилофацијална хирургија.

Како што вчера изјави Таравари, за оние економски директори кои што не се вршители на должност, туку имаат менаџерски договори, потребни ќе бидат измени во Законите, кои ќе бидат иницирани во најскор рок за да и тие ги напуштат клиниките и функцијата економски директор да престане да постои. Крајната цел е клиниките на Клинички центар да се спојат во една организациска единица.

Досега секоја клиника имаше медицински и економски директор, кои функционираа со врзани потписи, односно без двата потписи, не можеа да се спроведуваат одлуки клучни за функционирањето на јавните здравствени установи.

 

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот