Разочарување за гигантите: Еден од најпосакуваните тренери потпиша нов договор

Фото: FC Ipswich

Киран Мекена, тренерот на Ипсвич кој беше еден од најпосакуваните во изминатиот период потпиша нов договор со клубот кој го внесе во Премиер лигата.

Мекена најмногу се поврзуваше со Челси, но во Лондон веројатно беа информирани за неговата намера, па се договорија со Енцо Мареска. Исто така стратегот од Северна Ирска се најавуваше како можен наследник на Ерик Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, но сега е јасно дека и од тоа нема да има ништо.

„Горд сум што потпишав нов договор со Ипсвич, уживаме заедно во неверојатниот успех во претходните две сезони“, изјави Мекена.

На клупата на Ипсцич тој пристигна во 2021 година кога Ипсвич беше во Трета лига. Таа сезона ја заврши на деветтата позиција, следната на втората, а сезонава се пласираше во елитата. Последен пат Ипсвич во Премиер лигата играше во сезоната 2001/2002.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот