Разговори помеѓу Русија и Турција за нуклеарна соработка

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган гестикулираат додека позираат за фотографирање за време на нивниот состанок на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка/EPA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин се состанаа денеска за да разговараат за билатерални и глобални прашања во Астана, главниот град на Казахстан, на маргините на 24-от Самит на шефови на држави на Организацијата за соработка во Шангај, јавуваат турските медиуми.

Eрдоган и Путин зборувале и за нуклеарната централа во Синоп.

„Верувам дека ќе преземеме сериозни чекори во овој поглед“, рече Ердоган, мислејќи на планираната изградба на централа во црноморскиот регион.

Како што истакнал Ердоган, тоа ќе биде втора нуклеарна централа во Турција, заедно со Акуја во Мерсин во јужна Турција, и втора изградена во партнерство со Москва.

Зборувале и за зголемување на обемот на трговската соработка.

„Нашата цел е да постигнеме обем на трговска соработка во износ од 100 милијарди долари меѓу Турција и Русија, веќе имаме потенцијал за тоа“, изјавил турскиот претседател.

Путин на средбата со Ердоган истакнал дека и покрај сите тешкотии во светот, односите меѓу Русија и Турција напредуваат чекор по чекор. Посебно во делот на стратешките проекти во туризмот, бидејќи дури 6,7 милиони руски туристи што ја посетиле Турција минатата година.

На средбата во Астана, Ердоган го покани Путин да ја посети Турција, а рускиот претседател изјави дека посета на Анкара секако ќе има.

-Нашата цел е да постигнеме обем на трговска соработка во износ од 100 милијарди долари меѓу Турција и Русија, веќе имаме потенцијал за тоа, рече турскиот претседател.

Путин на средбата со Ердоган рече дека и покрај сите тешкотии во светот, односите меѓу Русија и Турција напредуваат чекор по чекор.

Тој го истакна напредокот во нивните „стратешки проекти“ и рекордните бројки во туризмот, со 6,7 милиони руски туристи што ја посетиле Турција минатата година.

На средбата во Астана, Ердоган го покани Путин да ја посети Турција, а рускиот претседател изјави дека посета на Анкара секако ќе има.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот