Разговор Блинкен – Зеленски: Вратите на НАТО се отворени за Украина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и украинскиот претседател Владимир Зеленски/ Фото колаж на СП/ Фото ЕПА

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на телефонскиот разговор меѓу претседателот Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс изјави дека САД остануваат посветени на политиката на отворени врати на НАТО и оти Алијансата треба да остане отворена за кандидатите веднаш штом тие ќе бидат подготвени, пишува Њузвик.

Украина, поранешна советска република, се обидува да се приклучи на Европската унија и НАТО.

– Се договоривме за заедничка и координирана акција. Благодарни сме на американските стратешки партнери за нивната континуирана поддршка на нашиот суверенитет и територијален интегритет. Ништо за Украина без Украина, напиша Зеленски на Твитер.

Украина вчера ја одбележува 30-годишнината од основањето на независна армија, откако во 1991 година прогласи независност од поранешниот Советски Сојуз.

Украина ја обвини Русија дека распоредила десетици илјади војници долж границата како подготовка за можна воена офанзива со големи размери.

Русија ги отфрла обвинувањата за можен напад врз Украина како лажни, но му порача на Западот да не ја преминува „црвената линија” и да го запре ширењето на НАТО кон исток.

На онлајн средбата меѓу Бајден и Путин најавена за денеска, се очекува американскиот претседател да ја предупреди Русија за сериозните економски последици доколку Русија изврши инвазија на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот