Раселените од Газа бараат одмор од очајот од војната но и од високите температури

Палестинците раселени во камповите низ Газа прибегнаа кон основни средства за да се разладат себеси и своите деца во текот на зголемените летни горештини.

Немаат клима и вентилатори поради прекин на електричната енергија, спас бараат во разладување со вода надвор од камповите бидејќи немаат бањи.

Температурите во земјата се искачуваат над 32 Целзиусови степени.

Велат дека престојот во нивните шатори станува неподнослив особено што тие главно се изработени од најлони.

Палестинската територија е без струја откако Израел ја прекина електричната енергија како дел од војна против Хамас.

Израел, исто така, престана да пумпа вода за пиење во енклавата, што ги отежнува условите за живот.

Повеќето од раселените семејства се засолнуваат во шаторски кампови во јужниот дел на Газа барајќи спас од постојаните израелски бомбардирања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот