Расел славеше на Ф1 трката за Големата награда на Австрија

фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел победи на денешната Формула 1 трка за Големата награда на Австрија.

Расел ја постигна втората победа во кариерата во Шпилберг, по Бразил во 2022 година. Тој победи по големата битка и дуел меѓу возачот на Ред Бул, Макс Верстапен и Ландо Норис од Мекларен, кој се судри во дуел во 64 круг.

Тоа е прва победа за Мерцедес од октомври 2022 година и од трките во Бразил. Второто место го зазеде возачот на Мекларен Оскар Пјастри, а трет Карлос Саинц од Ферари.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Мерцедес го освои четвртото место, додека Верстапен беше петти.

Возачот на Хаас, Нико Хулкенберг го освои шестото место, седми беше Серхио Перез од Ред Бул, а осми Кевин Магнусен од Хас. Деветтопласиран беше Даниел Рикиардо од тимот на РБ, а на 10 позиција се најде Пјер Гасли од Алпин.

Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози на 7 јули за Големата награда на Британија во Силверстоун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот