Раководството на Манчестер јунајтед си постави цел: Титула во 2028 година

фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Раководството на фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед и новиот извршен директор Омар Берада си поставија цел, титула во Премиер лигата во 2028 година.

Според „Ди Атлетик“, ова се случи на средбата со стручниот штаб на клубот што се одржа на „Олд Трафорд“ минатата недела.

На средбата Берада го претстави т.н. „Проект 150“, со кој новото раководство планира да ја одбележи 150-тата година од постоењето на клубот, основан во 1878 година како Њутн Хит.

Воедно шефот најави дека желбата на сопствениците е во истата година женската екипа на Манчестер јунајтед да ја подигне првата шампионска титула во својата историја.

„Црвените ѓаволи“ последен пат ја освоија Премиер лигата во 2013 година, а стартот на оваа сезона повторно беше разочарувачки. Играчите на Ерик тен Хаг го заземаат 11. место на табелата, а исто така не успеаја да го забележат очекуваниот успешен старт во Лигата на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот