Ракометарот кој освои ЛШ со Вардар, пред трансфер во Еурофарм Пелистер?!

Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Поранешниот ракометар на Вардар, Илија Абутовиќ според најавите на „Балкан Хендбол“ ќе биде нов член на македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер.

35-годишниот Абутовиќ на тој начин би се вратил во Македонија каде што остави длабока трага во Вардар со кого стигна и до трофејот во Лигата на шампионите.

Српскиот дефанзивец во претходните две сезони настапуваше во францускиот Шарт. Претходните четири години ги помина во Рајн Некар Левен, каде што пристигна по седум сезони поминати во Вардар.

Абутовиќ е вистински миленик на навивачите на црвено-црните и овој негов трансфер во големиот ривал сигурно ќе предизвика реакции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот