Ракетен напад над Одеца

Одеса, Украина/ Фото: Nina Liashonok/Ukrinform / Sipa Press / Profimedia

Претпладнево силни експлозии одекнаа во Одеса. Украинскиот црноморски град е нападнат со балистички ракети, објавија локалните медиуми на апликацијата Телеграм.

„Сите жители на Одеса треба да се засолнат на безбедни места. Побарајте го најблиското засолниште во градот на интерактивната мапа ‘Засолниште/засолниште за бомби’“, повика градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов.

Пријавено е и присуство на разузнавачки дрон кој се уште не е уништен. Можни се повторени лансирања на ракети, предупредуваат властите.

Локалните власти ги повикаа сите жители на Одеса и да останат во засолништата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот