Радев: Меѓународен договор се исполнува, а не се репреговара – очигледно недостига познавање на меѓународно право

Државното раководство на Република Северна Македонија очигледно не е подготвено. Неопходно е познавање на меѓународното право, што очигледно недостига. Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој треба да се исполни од сите идни влади, а не да се ревидира, изјави бугарскиот претседател Румен Радев коментирајќи ја вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека „Договорот за добрососедство“ со Бугарија може да се репреговара.

Радев ја даде изјавата по брифинг со бугарски медиуми во Атина, по средбата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Мицкоски вчера изјави дека Преспанскиот договор е реалност и дел од уставниот и правниот поредок на земјата, а „Договорот за добрососедство“ е веќе репреговаран, со додадавањето на т.н. „француски предлог“, од кои произлегуваат уставните измени, поради што, како што рече, не гледа причина, зошто кон него да не се додаде некаков друг предлог, што ќе ги опфати барањата на македонскиот народ.

Според Радев, „на властите во Скопје им недостига познавање по уставно право“.

Вели дека моделот на бугарскиот Устав и на оној на Република Северна Македонија се многу различни – нивниот ги заштитува колективните права, додека бугарскиот индивидуалните.

– Очигледно немаат познавања и во однос на европското законодавство за тоа, дека кога има заклучоци на Советот, усвоени со консензус, тие не се објект на пазарења, туку треба да се исполнуваат, рекол бугарскиот претседател.

Тој оценил дека „државниот врв на Република Северна Македонија има многу да научи“, додавајќи дека „се подготвени да помагаат и оти отсекогаш помагале на Република Северна Македонија на нејзиниот европски пат“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот