Радев: Да не се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

Румен Радев, претседател на Бугарија/Фото: STR/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Претседателот на Бугарија, Румен Радев изјави дека неговата земја „не треба да се спушта на нивото на коментарите од Северна Македонија“. Тој го коментираше одвојувањето на Албанија од Македонија на европскиот пат како „логични последици од политиката на владата на Северна Македонија“.

„Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед. Ги повикувам сите бугарски политичари на воздржаност. На крајот на краиштата ние долго сме дел од Европската унија, и мора да покажеме поконтролирано однесување“, рече Радев.

Во врска со одлуката ЕУ да ги започне пристапните преговори со Албанија, но не и со Македонија, Радев рече:

„Ова се логични последици од политиката на Владата на Република Северна Македонија и патот кој го одбраа. Уште од доаѓањето на оваа власт предупредував дека ќе има проблеми околу познавање на меѓународното право и кон евроинтеграциите. Но, јас изјавив дека сме подготвени да помогнеме. Бугарија ќе продолжи да помага, но имаме свест што значи Европската унија и како да се работи за да се постигна националната цел што Северна Македонија ја постави. Владата досега работеше во спротивна насока. Вистинската насока е да се вклучат Бугарите во уставот, затоа што тоа е во преговарачката рамка на ЕУ и мора да се почитува“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот