Радев: 120.000 Македонци имаат бугарско државјанство, со документирано бугарско потекло

Радев и Мицотакис на средба во Атина/Фото: Фејсбук

Претседателот на Бугарија Румен Радев на работна средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Атина, разговарале за итно интензивирање на работата на стратешките билатерални планови, но и за проблемите со Република Северна Македонија по доаѓањето на новата власт.

Во врска со повикот на Скопје за промена на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, бугарскиот претседател Радев рече: „За жал, државното раководство на Северна Македонија очигледно не е подготвено за функцијата. Неопходно е да се знае меѓународното право. Откако ќе се потпише меѓународен договор, тој мора да биде имплементиран од сите наредни влади, а не да се ревидира“.

– Шефот на државата додаде дека е неопходно и познавање на статистиката, бидејќи сега 120.000 Македонци имаат бугарско државјанство, со документирано бугарско потекло – пренесе БТА.

Радев на брифинг со новинарите објасни дека важен стратешки проект за Грција и Албанија е терминалот за течен природен гас во Александруполи, кој треба да биде пуштен во употреба најдоцна до октомври.

– Терминалот сè уште има технички проблеми, кои се решаваат. Во проектот учествува Бугарија, која има стекнато 20 отсто од него – потсети Радев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот