Работниците се како „имот“ за странските инвеститори во Србија

Градежни работници/ Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Странските компании, кои отвораат фабрики и нови работни места во Србија, практично стануваат држави во минијатура каде што владеат други закони, односно не важат законите на државата Србија. Последиците од ваквата состојба, погодувате, ги трпат работниците, анализира Н1.

Најновиот инцидент се случи во фабриката „Јура“ во Лесковац, кога, според сведочењето на работниците во фабриката, корејскиот менаџер вербално и физички нападнал три работнички. Исходот од ова е дека две работнички завршиле во Ургентниот центар, едната со полесни повреди, другата поради тоа што изгубила свест. Компанијата „Јура“ со години ѝ е позната на јавноста само по лоши работи, но тој факт никој не сака да го забележи. Овој напад врз работничките е само последната капка во веќе полната чаша. Работниците во Србија повикуваат за правда и достоинство, а од друга страна насилниците сметаат дека се недопирливи, бидејќи веќе останале неказнети за многубројните „газења“ на работниците. Сепак, се чини дека државните институции ја претпочитаат статистиката пред луѓето.

Значи, важно е само колку фабрики се отворени и колку луѓе се вработиле, а не во какви услови работат тие работници и како се третираат. Тука е и другата страна на паричката, која го крие фактот дека голем број од овие компании добиваат големи субвенции од државата и одврзана рака за спроведување на нивните политики, сè додека се чуваат под контролирани услови. И тоа продолжува и продолжува. Притисоци, закани, мобинг… со еден збор – тортура. Сè додека еднаш некој не ја премине границата, а порано или подоцна сите го прават тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот