ПУТИН, за разлика од ТРАМП, не се плаши од објавување на нивните телефонски разговори

Фото: Профимедиа

Рускиот претседател Владмир Путин изјави дека нема да се противи на евентуално објавување на неговите телефонски разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Б92“.

Путин вели дека е свесен за можноста секој негов изговорен збор некогаш да биде објавен во јавност.

– Не го работам цел живот ова што го работам денес. На основа на претходни искуства знам дека било кој мој разговор може да биде објавен и тоа секогаш го имам во предвид – истакна рускиот лидер на пленарната седница на форумот на Руската енергетска недела.

Тој додаде дека неговите разговори со Трамп на ниту еден начин не можат да ја загрозат репутацијата на американскиот претседател, пренесе „ТАСС“.

– Кога се обидоа да спинуваат некој скандал во врска со состанокот со Трамп во Хелсинки, рековме на администрацијата: во ред, ако некој нешто сака да дознае, објавите го. Не сме против, ве уверувам дека тука нема ништо што би можело да го загрози Доналд Трамп – рече Путин.

Според неговите зборови, администрацијата во Вашингтон одбива да ги објави разговорите на рускиот и американскиот лидер поради принцип, и додаде дека „постојат работи кои мора да останат затворени за јавноста и тоа е тоа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот