Путин: Русија се обиде мирно да го реши конфликтот во Донбас, но преговорите завршија со лаги и измами на Западот

Владимир Путин / Фото EPA-EFE/MIKHAEL KLIMENTYEV / SPUTNIK

Рускиот претседател Владимир Путин им го честиташе на граѓаните на Русија Денот на обединувањето со областите ДНР, ЛНР, Херсон и Запорожје.

На сите граѓани на нашата земја од срце им честитам на овој настан. За време на овие години на заедничка работа, поминавме низ многу тешки искушенија. Знаеме во какви неподносливи услови на постојано гранатирање и блокада Донбас живееше долги осум години, на каков вид на прогон беа изложени граѓаните на Новорусија. Оние кои застанаа против вооружениот државен удар во Киев се противат на неонацистичката диктатура, која сака да ја откине нивната историска татковина од Русија“, рече Путин, пренесе Политика.

Тој потсети дека по 2014 година Русија се обиде да го реши конфликтот во Донбас на мирен начин, но преговорите завршија со лаги и измами на западните елити кои ја претворија Украина во своја колонија, антируско упориште.

„Понатамошните случувања целосно ја потврдија неопходноста од специјална воена операција, нејзиниот вистински ослободителен карактер“, рече рускиот лидер.

Путин додаде дека на ослободените територии активно се обновуваат компании, се градат станбени згради, болници, училишта и градинки. Со градење се учествува во сите руски региони.

„Им благодарам на сите граѓани на државата за нивното единство и патриотски дух. Вистината е на наша страна. Сите поставени цели ќе бидат остварени“, изјави рускиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот