Путин: Односите со Србија се развиваат позитивно

Рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба со шефот на српската држава Александар Вучиќ изјави дека стратешкото партнерство со Србија се потврдува со секојдневна работа во доменот на политиката, економијата и безбедноста.

– Нашите односи се развиваат многу позитивно, а стратешкото партнерство се потврдува со секојдневна работа, истакна Путин на почетокот на состанокот со Вучиќ во Сочи.

Според оценката на Путин, во текот на 2018 година трговската размена се зголемила за два отсто, а за девет месеци оваа година растот бил поголем од девет проценти.

Рускиот лидер го покани Вучиќ на свеченоста следната година на 9 мај по повод 75-годишнината од победата над фашизмот.

Вучиќ се заблагодари на поканата и повторно го повика Путин да ја посети Србија.

Тој најави дека со Путин ќе ја разгледаат ситуацијата во Косово, но нагласи дека не е оптимист кога станува збор за постигнување компромис и конечно решение со Приштина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот